Со комерцијални летови со хидроавион до хрватските острови

65

hidroavion

Германско – хрватската компанија ECA (European Coastal Airlines), од оваа недела ќе започне со комерцијални летови со хидроавион. Патниците од аеродромот Ресник, Сплит, ќе бидат пренесувани на Хвар, пишува 24сата.хр.

Ќе се лета со авион амфибија со 19 седишта, De Havilland Twin Otter DHC-6, кој може да се спушти и на море и на копно. Летот до Јелса на Хвар ќе трае 13 минути, а билетот ќе чини околу 800 денари. Од компанијата најавуваат дека за десетина дена ќе почнат со летови и кон островот Раб. Целта им е да поврзат 66 населени острови во Хрватска. Наскоро се планирани летови за Корчула, Ластово, Дубровник и Задар. Од ECA тврдат дека нивниот хидроавион може да лета и во случај на лошо време, кога не возат траектите.

Во проектот се инвестирани 10 милиони евра.