Со лажни попусти и распродажби до повеќе купувачи

51

Падот на прометот е причината поради која трговците прибегнуваат кон разни трикови за да привлечат купувачи. Лажните намалувања се уште функционираат, а наседнатите купувачи често се жалат.

Најчестите веќе испробани методи е нудењето на облека и обувки по намалени цени за “дури” 70%, не наведувајќи ја основата за намалување. Така, се случува трговците да ги покачат цените, за по неколку дена да најават големо намалување и распродажба. Се случува некои трговци да нудат постојани намалувања, често и за 50% во текот на целата година, што е малку веројатно, затоа што такви распродажби во светот не постојат. Потрошувачите најчесто ги интересира за колку реално е намалена цената кога е на постојан или тотален попуст.

“Проблемот е во несоодветната законска регулатива, која треба да предвиди што смее да направи продавачот при намалување и распродажба”, вели Петар Богосављевиќ, претседател на Здружението за заштита на потрошувачи на Србија, која исто како и Македонија е преплавена со вакви „попусти“ и „акции“.

Лажните намалувања и понатаму функционираат, а излажаните купувачи се жалат дека кога ќе влезат во такви продавници, на попуст се само неколку парчиња од претходната сезона.