Со Let’s fund it ќе се постават нови димензии во претприемништвото

22

2c5148e8-1937-4297-9be6-5f05015d79ee USA Summer Work & Travel Alumni Macedonia (SWTA), поддржани од Alumni Engagement Innovation Funds (AEIF) и Американската Амбасада во Скопје ќе организираат промотивна конференција на која во употреба ќе биде пуштена првата crowd-funding платформа во Македонија, letsfundit.mk. Конференцијата ќе се одржи на 25 јануари со почеток во 13 часот во киното Cineplexx.
На конференцијата свое обраќање ќе имаат г-ѓа Робин Лернер, Помошник заменик државен секретар за едукација и култура во Стејт Департментот; г-дин Антони Пешев, Претседавач на генералното собрание на Стопнаската Комора на Македонија и г-дин Мендерес Кучи, Претседател на стопнаската комора на северо-западна Македонија.
Crowd-funding претставува нетрадиционален начин на собирање на средства за финансирање на иновативни идеи. Главен поддржувач во овој концепт е широката јавност која придонесува за реализација на иновативната идеја, преку вложување на одредена сума на пари, во замена за соодветна награда, која зависи од висината на дадените средства.
“Убедени сме дека со воведување на crowd-funding-от во Македонија ќе донесеме нова димензија на претприемништвото кај младите во Македонија”, стои во соопштението.

Let’s Fund It е проект кој беше еден од 50-те победници на глобалниот натпревар за иновативни идеи на кој учествуваа повеќе од 680 проекти од 180 земји во светот.