Volkswagen ја “испрати“ последната Буба со што официјално завршува производството на еден од најкултните автомобили на минатиот век. Церемонијата беше емотивно проследена со маријачи бенд и вработени во фабриката за коишто ова симболизира крај на една автомобилска ера.
Фабриката на германскиот производител во Мексико ја имаше честа да ја произведе последната серија од легендарниот автомобил којшто помина долг пат од нацистичка Германија и хипи движењето, сè до модерните варијатни на новиот милиениум.
На местото од Бубата ќе се произведува автомобилот Tarek SUV, а првите модели се очекуваат кон крајот на следната година, пишува Reuters.
Последната Буба ќе биде продадена на Amazon.com што ќе го симболизира новиот чекор кон иднината на компанијата.
Последниот дизајн на автомобилот беше трета верзија на Бубата по две претходни откажувања и обиди за подобрување на култното возило.
За прв пат Бубата се појави на пазарот во 1938 година, како достапен автомобил за Германиците, промовиран лично од Адолф Хитлер. Благодарение на интересниот дизајн таа во текот на годините стана еден од најпродаваните автомобили.
Фото: Pixabay