Култната Буба се “пензионира“ по 70 години

29

Фото: Pixabay

На крајот на оваа година ќе запре производната трака што седум децении го произведуваше познатиот модел на Volkswagen – Буба (Beetle), најави директорот на германскиот производител, Херберт Диес на Саемот за автомобили во Женева.

Иако се шпекулираше околу тоа дали електрификацијата би можела да го спаси овој легендарен модел, сепак Бубата нема да има наследник, а Beetle final edition SE, чија почетна цена е 21.100 евра ќе биде последната произведена со мотор со внатрешно согорување, пренесува Motortrend.

“Потребно е да се направи нешто емотивно, но не можеме да покриеме целата програма историски Volkswagen модели со електрични автомобили. Не би требало да го направиме тоа“, изјави Диес.

По продадени неколку милиони примероци во последните 70 години, Бубата се “пензионира“.