Со новата промотивна понуда на Неотел добивате сѐ од едно место

18

neotel

Дали би сакале да имате пристап до сѐ од едно место на вашиот телевизор?

За секој склучен договор на 2 години за кој било од пакетите neoTrio добивате неограничен интернет, телевизија и фиксна телефонија бесплатно во првите три месеци, додека за останатиот период од договорот добивате намалена претплата. Дополнително, добивате подарок безжични тастатура и глувче и 3 месеци бесплатен филмски пакет FilmBox за основните пакети NeoTrio Fix и Fiber.

Со приклучување глувче и тастатура на уредот neoTV, на вашиот телевизор можете да работите како на кој и да е компјутер, што ви овозможува поголема комфорност. Опуштете се во вашата фотелја и започнете да пребарувате на интернет, да работите на вашите документи или, пак, проверете ја вашата електронска пошта и омилените социјални медиуми. Претворете го вашиот телевизор во мини компјутер во вашиот дом.

Благодарение на својата технологија, Android™ уредот на NeoTV го прави телевизорот паметен, односно го претвора во мини компјутер. Преземајте ги сите апликации што ги користите и на вашиот мобилен, уживајте во 90-те ТВ канали од кои 23 се во HD и во неограничените можности што ги нуди отворената Android платформа. Сите пакети вклучуваат интерактивна телевизија, богата ТВ програма, бесплатни телефонски повици во мрежата на Неотел, пристап до мобилната апликација на два смарт уреди и вистински неограничен интернет со кој можете да сурфате колку што сакате.

Дознајте повеќе информации за можностите и понудите на www.neotv.mk или на телефонскиот број 02/ 55 11 155 и искусете неограничена забава со новогодишната понуда за претстојните празници!