Со новата Самсунг Галакси С10 серија на уреди најдоброто станува стандард

68

Најтешката задача на оние кои работат во светот на технологијата и смартфоните претставува создавањето на иновации кои ќе бидат примамливи за корисниците. За да ја исполни оваа задача, тимот на Самсунг создаде серија на уреди Галакси С10 во кои е имплементирана цела “галаксија“ новости.

Најновата Галакси С серија содржи три смартфони кои пленат со својот дизајн, едноставност, но и маестрални перформанси. Самсунг Галакси С10, С10+ и С10е се разликуваат во големината и некои други карактеристики, но сите во себе содржат нешто заедничко – филозофијата на Самсунг дека корисникот е најважен.

Трите уреди пристигнуваат со нов Динамичен АМОЛЕД екран кој кај С10е е рамен, додека пак кај С10 и С10+ е заоблен. Галакси С10+ има 6,4-инчен екран, С10 има 6,1-инчен екран, а екранот на С10е е со дијаметар од 5,8 инчи. Доколку сакате поголем, премиум софистициран уред, Галакси С10+ ќе ве воодушеви на прв поглед. Верифициран од страна на ДисплејМејт (DisplayMate), корисниците ќе може да уживаат во исклучителни бои на нивниот мобилен уред, дури и при услови на висока сончева светлина.  Дополнително, Динамичкот АМОЛЕД екран исто така ја намалува сината светлина преку неговиот TÜV Rheinland сертифициран екран за удобност на очите, без притоа да влијае на квалитетот на сликата.

Безбедноста при отклучување на уредот и чување на сите важни и омилени податоци доби нова димензија. Со Ултрасоничниот скенер за отпечатоци кај С10 и С10+, кој ги чита 3Д контурите на отпечатокот на корисникот, сите податоци се чуваат на максимално безбедно ниво.

Кога станува збор за камерата, како еден од основните услови за одличен смартфон, Самсунг Галакси С10 ја има најдобрата технологија за камера која создава реални слики со врвен квалитет.

Надополнувајќи го лидерството на Самсунг во областа на камерите за првите Dual Pixel и Dual Aperture, Галакси С10 создаде користи технологија на камери со напредна интелигенција со чија помош креирањето на фотографии и видео содржини станува лесно и едноставно, со професионален квалитет. Благодарение на ултра широката леќа со 123 степени поле на гледање, како човековото око, сега можете да креирате импресивни пејсажни фотографии и големи панорами.

Најновата серија на уреди од семејството Галакси овозможува супер стабилно снимање со помош на технологијата за дигитална стабилизација на сликата. Без разлика дали танцувате во екот на неверојатен концерт или пак сакате да го снимите секој детаљ при велосипедско возење на нерамна површина, функцијата за супер стабилност овозможува да го зачувате секој миг. И предната и задната камера може да креираат снимки со квалитет до UHD, а за прв пат во индустријата, задната камера овозможува флексибилност за креирање снимки во HDR10+.

Со Галакси С10 серијата на смартфони креирајте фотографии, видео содржини, симнете ги омилените апликации и создадете простор за сите ваши податоци без да се грижите дали има доволно место или не. Моќните премиум уреди се достапни со различен капацитет на меморија за складирање, но сите може да се дополнат со микроСД картичка.

Големиот број новости, перформанси, карактеристики се дел од најновата серија на уреди на компанијата Самсунг која низ десетгодишните иновации создаде премиум телефони за современиот корисник, кој постојано сака да биде во тек со новостите. Кој уред и да го одберете, докажаниот квалитет и неверојатното корисничко искуство ќе бидат загарантирани.