Со паметни уреди до одржување на дистанца меѓу вработените

242

Автомобилската компанија Ford, за да го зачува здравјето на вработените тестира паметни уреди коишто ги предупредуваат работниците да чуваат безбедно растојание едни од други, пишува Bloomberg.

“Малата група на волонтери во фабриката Ford во Мичиген, испробуваат уреди како часовници што вибрираат кога вработените доаѓаат на два метри едни од други“, рече Кели Фелкер, портпарол на компанијата.

Целта е да се спречат работниците да го нарушуваат растојанието што го препорачуваат здравствените експерти за да се избегне ширење на коронавирусот.

Уредот за социјално растојание може да биде дел од поширок спектар на нови протоколи за безбедност, кои Ford ги активира.

Фото: Pixabay