Со PANTHEON Cloud успешните компании создаваат успешни приказни – ГЕНЕЛ ЛТД

79

pantheon-prednaДаталаб МК во соработка со Македонски Телеком од 01.03.2013 го нудат најдобриот софтвер за деловно работење и сметководство во регионот, како и најбрзата интернет мрежа и најсигурниот датацентар, сертифициран во согласност со меѓународните стандарди за безбедност. PANTHEON Cloud е првиот софтвер за деловно работење во Р. Македонија, понуден во Cloud модел.

Cloud како поим е се поприсутен во нашето секојдневие преку огромните придобивки од неговата употреба, докажани како најдобра пракса во светски рамки. Cloud-от денес создава можности за револуционерни промени во начинот на работење на компаниите. Предностите од овој тип на услуга се содржани во редуцирање на иницијалните трошоци за набавка на хардвер, софтвер и поддршка од страна на компаниите – корисници на овие услуги. Во овој модел, софтверската апликација – деловното решение PANTHEON e поставенo на Cloud платформа на Македонски Телеком, што овозможува крајните корисници покрај користење на реномиран софтвер за деловно работење и сметководство, да користат и услуги на професионален податочен центар во единствен месечен надоместок.

Даталаб МК и Македонски Телеком светските трендови ги доближија и до македонските компании и сметководствени бироа!

Семејството на PANTHEON Cloud за период од три месеци брои повеќе од 150 корисници. Компанијата ГЕНЕЛ ЛТД, овластен дистрибутер на CANON за македонскиот пазар, е 100-от корисник на PANTHEON Cloud. Генералниот директор на ГЕНЕЛ ЛТД, господинот Филип Видовиќ, ни ја раскажа нивната успешна приказна!

genel

За ГЕНЕЛ ЛТД

Компанијата ГЕНЕЛ ЛТД е овластен дистрибутер на CANON за македонскиот пазар. ГЕНЕЛ е формирана во 1993 година и е препознатлива на домашниот пазар по примената на современите менаџмент и бизнис техники, како и потполна посветеност и подготвеност за задоволување на највисоките стандарди на потрошувачите. Како резултат на долгогодишна успешна работа на менаџерскиот тим, денес на пазарот достапни се врвните производи од областа на дигиталната технологија на брендот Canon. Во 2010 година, потврда за квалитетот во работењето се постигна со добивање на сертификат ISO 9001:2008, меѓународен стандард за квалитет на работењето и внатрешната поставеност и функционалност на организацијата.

Што е тоа што ви се допадна кај PANTHEON Cloud?

Одлуката за да работиме со PANTHEON Cloud ја донесовме водени од стратешката определба за оптимизација односно намалување на трошоците на работењето и воведување на поголеми аналитички инструменти во процесот на деловното планирање и донесување на деловни одлуки. PANTHEON Cloud целосно се вклопи со нашите потреби поради тоа што нема иницијален трошок за набавка на нов софтвер, нема потреба да се грижиме за бекап на податоците, имаме пристап од секаде, што е голема предност за нас. Природата на мојата работа налага да сум постојано во движење и располагањето со тековните информации во секој момент ми е многу важно. PANTHEON Cloud практично ми овозможува најважниот дел од канцеларијата да е секогаш со мене.

Какви се првите впечатоци од работењето со PANTHEON Cloud?

Првите импресии се одлични. Воопшто не приметуваме дека податоците не се на нашиот сервер, туку во Дата Центарот на Македонски Телеком. Работи брзо и работи одлично! PANTHEON Cloud ги надмина нашите очекувања дека вакво нешто може да функционира во Македонија.

5Дали при одлуката чувствувате страв бидејќи податоците нема да се кај вас во компанијата?

Оваа технологија ми е позната и долго ја чекав. Немам никакви сомневања дека ова е иднината и како фирма која секогаш е спремна за новитети, ова го прифатив како одлична опција, податоците да бидат на сигурно во датацентар. Таму нашите податоци се многу посигурни од тоа што може да си го дозволат како ниво на безбедност, најголем дел од компаниите во Р. Македонија.

Дали ви се допадна концептот, да плаќате една цена за сите трошоци за деловен софтвер што ќе ги има вашата фирма?

Концептот е одличен! Со месечен трошок од 8.000 МКД, ние без иницијален трошок ги покриваме потребите за деловниот софтвер, но и сите законски промени кои во Македонија се чести… така што во цената се вклучени сите идни промени во законодавството, па знам дека нема да доплаќам за надоградба на софтвер секогаш кога има нешто ново. Но, најважно е дека нема потреба да набавувам нов сервер, ниту да се грижам за бекап. Тоа се трошоци кои често ги забораваме, а воопшто не се за занемарување. Сега во една цена ги имам сите работи кои ми требаат. Ние сме фирма која има потреба за повеќе лиценци. Во класичен начин на работење ќе ми требаше да набавам и SQL лиценци, а со PANTHEON Cloud и тоа го добивам во цената. Сметам дека PANTHEON Cloud е концепт на иднината.

Повеќе информации за Pantheon Cloud може да најдете на телефонскиот број 0800 88 881 или http://business.telekom.mk/mk/494/IKT_uslugi/E-smetkovodstvo_Pantheon_Cloud.html.

PA_logo1