Грците покренуваат пилот проект со којшто ќе се обидат да го спречат “одливот на мозоци“ во земјата, пишува Тајмс.
Според податоците на грчката Централна банка, 420.000 високообразовани млади Грци ја напуштиле земјата во последните 10 години поради тешката финансиска криза и работа побарале во други земји.
Затоа, во рамки на новата програма на грчките власти сакаат да убедат барем 500 висококвалификувани Грци помеѓу 28 и 40 години, кои моментално работат во странство да се вратат во земјата, нудејќи им минимална месечна плата од 3.000 евра (просечната плата во Грција изнесува околу 1.100 евра).
Имајќи предвид дека Грција бележи голем дефицит на квалификувана работна сила во ИТ секторот, акцентот ќе биде ставен на оние кои имаат дипломи од овој сектор.
Во првата година од вработувањето на повратникот две третини од платата ќе ги покрива државата, кофинансирајќи со фондови од ЕУ, а преостанатата третина работодавачот. Компаниите кои сакаат да учествуваат во програмата ќе се обврзат вработениот по првата субвенционирана година да го задржат на работникот барем година дена со иста плата којашто ќе ја покрива во целост.
Фото: Pexels