Научници креираа вештачка кожа за роботи со чијашто помош тие ќе можат да чувствуваат и да реагираат на допир. Според нив, ова ќе биде потребно во иднина со оглед на тоа дека роботите и луѓето би имале поблиска соработка.
Некои луѓе се скептици по однос на ова прашање, но професорот и креаторот на вештачката кожа, Гордон Ченг од Техничкиот универзитет во Минхен вели дека безбедноста на луѓето ќе биде секогаш на прво место.
Вештачката кожа, како што потенцира тој, би ја направила соработката помеѓу роботите и луѓето подобра. Машините на овој начин би можеле да работат како негуватели, здравствени работници и слично, пишува CNN.
Тимот опреми робот со големина на човек познат под името H-1, со 13.000 тактилни сензори коишто можат да детектираат температура, забрзување, притисок и оддалеченост.
Иако овие технологии се далеку од имплементација, научниците веруваат дека кога ќе дојде времето да бидат применети безбедноста на луѓето нема да биде загрозена.
Фото: Pixabay