Со припејд наградна игра на Македонски Телеком до автомобил Volkswagen UP

24

foto

Македонски Телеком почнувајќи од денеска, за своите припејд корисници ја организира наградната игра Дополни и добиј. Со новата припејд наградна игра, корисниците секој ден учествуваат во извлекување за смартфон Samsung J5 2017, а главната награда е автомобил Volkswagen UP, стои во соопштението.

Правилата за учество во припејд наградната игра се едноставни. Сè што треба да направат корисниците е да се регистрираат за учество со јавување на бесплатниот број 1469 или со праќање на SMS порака со текст START. Со бесплатната регистрација, корисниците автоматски добиваат и 500 MB мобилен интернет којшто може да го користат една недела (седум дена) од денот на регистрација.

Потоа, корисниците треба да дополнат припејд ваучер со кој било износ, со што учествуваат во дневното извлекување за смартфон Samsung J5 2017. Колку повеќе надополнувања, толку поголеми шанси за добивка на супер награда. Корисниците кои што ќе дополнат најмалку 600 денари за времетраењето на наградната игра, учествуваат во извлекувањето за главната атрактивна награда Volkswagen UP.

Наградната игра важи за сите нови и постојни припејд корисници и трае од 20 ноември 2017 до осми јануари 2018 година. Извлекувањето за главната награда ќе се одржи на деветти јануари 2018 година, во просториите на Македонски Телеком.