Со SENSOR ќе се проценуваат автопатите во ЈИЕ и Македонија

15

Автомото сојузот на Македонија од денеска ќе започне со проектот SENSOR за безбедносна проценка на автопатските рути во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и Македонија.
Проектот е финансиран од транснационалната програма за соработка на ЈИЕ и Европската Унија, а се спроведува согласно методологијата на европската програма за оценка на патиштата Euro-RAR, со цел за утврдување на високоризичните делници, нивното категоризирање и изработка на препораки за прецизни инвестиции во безбедносниот сегмент на патиштата.