Со влезот на Хрватска во ЕУ се тргаат некои производи од пазарот

291

toplomerСо влегувањето на Хрватска во Европската унија, на полиците во продавниците веќе нема да смеат да стојат класични сијалици, а во историја заминуваат и топломерите со жива.

Во продавниците ќе биде забранета продажба и на енергетски неефикасни машини за миење на садови, машини за перење алишта, фрижидери и телевизори, како и клима уреди, а ново означување на енергетска ефикасност ќе следува и за машини за сушење алишта, електрични рерни, тела за осветлување, грејачи за вода и бојлери, пишува Глас Славоније.

Уште во април 2009 година, согласно европската директива, забрането е производство на нови производи кои содржат жива. Температурата и притисокот ќе се мерат исклучиво со дигитални мерачи.

Од Лекарската комора велат дека ваквите производи веледрогериите ќе можат да ги дистрибуираат по аптеките се додека ги имаат на залиха во магацините. Исто ќе биде и со класичните светилки.

Една од причините поради кои ЕУ ја забранува продажбата на класични светилки е фактот дека енергетски ефикасните сијалици ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија за околу 15%.