Со воз од Анкара до Истанбул за 80 минути

16

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул го најави новиот проект за супер брз воз Анкара-Истанбул, со брзина од 350 километри на час.

„Оваа година објавуваме тендер за проектот за супер брз воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час и времетраење од 80 минути“, рече Ердоган, јави Анадолија.

Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.

„Овој тунел, кој ќе поврзе 11 различни линии на железничкиот систем, ќе обезбеди сериозно олеснување за транспортот на Истанбул. Нашата цел е да ги спроведеме сите 1.100 километри железнички проекти што ги подготвивме за Истанбул“, додаде тој.

Тој посочи дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 милијарди лири (47,7 милиони евра).