Со возење велосипед ќе се прочистува загадениот воздух во Кина

182

tocak1

Фото: Ofo

Холандската компанија за иновации Studio Roosegaarde се здружи со кинеската старт – ап компанија за споделување велосипеди Ofo со цел да развијат модел на велосипед што го чисти воздухот. Милиони кинески велосипедисти наскоро ќе може да ги возат велосипедите без маска за заштита од загадениот воздух. Основачот на Studio Roosegaarde, Дан Росегарде потврди дека до крајот на оваа година ќе го пласираат прототипот на велосипедот на иднината којшто го филтрира смогот, пишува Quartz.

Со флотата од 6,5 милиони велосипеди на Ofo во повеќе од 150 кинески градови, Росегарде се надева дека неговите велосипеди за прочистување на воздухот може да имаат долготрајно влијание врз подобрување на смртоносната загаденост на воздухот низ светот.

Велосипедот што ќе го чисти загадениот воздух беше претставен на TED конференција во април. Минатата година холандската компанија ја претстави Smog Free Tower во Кина која секој час може да прочисти 30.000 кубни метри воздух, а собраниот чад се претвора во модни аксесоари (прстени и манжетни).