Soapack – шишиња што се користат како сапун штом ќе се потроши содржината во нив

92

Ми Жоу, студентка на постдипломски студии на колеџот Central Saint Martins во Лондон, креираше елегантни шишиња за производи што се користат во бањата, коишто откако ќе се испразнат можат да се употребат како сапун.

Нејзиниот иновативен проект се нарекува Soapack, а целта е да се најде алтернативно пакување за пластиката. Таа предлага овие шишиња да се користат за пакување на шампони, лосиони и останати производи во бањата.

Откако содржината во шишето ќе биде испразнета, истото може да се зачува како украс, но и да се користи како сапун. Доволно е само мал допир на топлина или вода и шишенцето постепено да се топи. На овој начин, освен што се елиминира пластичниот отпад, се добива и екстра производ за хигиена.

За да го изработи секое Soapack пакување, Жоу користела сапун од зеленчуково масло, којшто го сушела со помош на пигменти од минерали, растенија и цвеќиња со цел да се формира формата.

Со цел да бидат водоотпорни и да не се топат предвреме нанесен е тенок слој на восок од пчела, пишува Dezeen.

Фото: Pixabay