Соборен рекорд: Турција лани од извоз на лешници заработи 2,26 милијарди долари

77

Од Турција во 2021 година е остварен извоз на 344.370 тони лешници во 122 земји низ светот и од овој извоз се заработени приходи во износ од 2,26 милијарди долари.

Ова е значително зголемување во однос на годината пред, 2020 година, во која Турција извезла лешници од нешто повеќе од 280.000 тони и заработила 1,94 милијарди долари.

Унијата на извозниците на лешници и нивни производи од црноморската област соопшти дека со остварениот извоз на 344.370 тони лешници е соборен уште еден рекорд.

Германија традиционално е еден од најголемите купувачи на турски лешници. Минатата сезона оваа земја од Турција увезла 82.646 тони во вредност од 536,3 милиони долари.

Следи Италија со увоз вреден 497,5 милиони долари и Франција со 163,5 милиони долари.

Еден од пазарите што покажал најголем развој на турскиот извоз на лешник во последните години е Кина. Во оваа земја лани биле продадени 11.054 тони лешник, а приходот бил 79,5 милиони долари.