Sobro е иновативна масичка којашто во себе има повеќе функции меѓу кои се: вграден фрижидер, Bluetooth звучници, LED сијалици, полначи за мобилни уреди…
Оваа паметна масичка е дизајнирана да го поддржи динамичниот начин на живот на неговите корисници.
Во долниот дел на масичката има мини фрижидер во којшто може да се чуваат храна и пијалаци. Исто така, Sobro може да се поврзе и со паметен телевизор, а нуди можност и за контрола на допир.
Оваа мултифункционална масичка во претпродажба ќе чини 499 долари, додека неговата редовна цена ќе биде 699 долари.
Sobro е иновација на американскиот старт – ап StoreBound, којшто го претстави својот проект на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo. Првично побараа поддршка од 50.000 долари, а на два месеца пред крајот на кампањата, овој старт – ап успеа да собере над 599.343 долари.