Сочи: Милијарда долари од сувенири

46

sochi 2Кадифени играчки, украси, магнети и останати сувенири веќе и донесоа на Организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи преку милијарда долари. Тоа е апсолутен рекорд меѓу организаторите на зимските олимпијади – наведуваат експертите за маркетинг, пишува Капитал.ба.

Сувенирите се продаваат низ цела Русија, а особено се популарни симболите на Олимпијадата, леопардот, мечето и зајакот. Децата бираат играчки, моливчиња и привезоци, а возрасните капи, ракавици и јакни.