Сочуван бисквит од Титаник продаден за 23.000 долари

32

imageБисквит којшто го преживеал потонувањето на Титаник е продаден на аукција за 23.000 долари, пишува BBC.

Одлично зачуваниот бисквит бил дел од кутијата за прва помош при преживување што им ја давале на патниците на чамците за спасување. Парчето било зачувано од Џејмс Фенвик кој го поминувал својот меден месец со сопругата на бродот.

Тој го зачувал малиот бисквит во пакување од Kodak филм на кое напишал “Пилот бисквит од чамец за спасување на Титаник, април 1912”.

1053621_1280x720

Причината што тој изгледа исто како и пред повеќе од 100 години е недостатокот на влага. Бисквитот бил добро затворен и зачуван во пакувањето и воопшто не бил изложен на надворешно влијание.

Купувачот е неименуван колекционер од Грција, а според аукциската куќа Henry Aldridge & Son малото парче храна е највредниот бисквит во светот.