Societe Generale нуди доброволни откази

15

societe-generaleФранцуската банка Societe Generale планира да го финализира планот за намалување на 700 работни места во седиштето во Париз со тоа што ќе поттикне 420 работници доброволно да си заминат, објавија синдикалистите во билтен. Поради намалување на трошоците, компанијата размислува и за преместување на дел од вработените во Романија.

“Вработените не се воодушевени од понудата за доброволен отказ. За понудените 420 доброволни откази, досега интерес покажале само 170 работници“, велат од синдикатот.

Банката побарала од консултантската компанија Accenture да изработи детален план за преместување на вработените во Романија. Францускиот весник Les Echos објави дека се планира да се преместат околу 200 работни места, додека портпаролот на банката изјави дека се уште е рано за да се наведе точниот број на вработените што ќе бидат преместени.