Социјален експеримент: Играчка или хемикалии, што ќе изберат децата?

19

reklama

Холандската агенција за безбедност на храната и потрошувачите и непрофитната организација за безбедност VeiligheidNL направија еден експеримент со кој покажаа колку многу треба да се внимава како се чуваат хемикалиите во домот. Заедно со агенцијата Lemz, на мали дечиња им дадоа да бираат играчка или некакво средство за чистење и одржување на домот. Агенцијата користеше скриена камера, сензори за следење на реакцијата на окото, монитор за мерење на пулсот, а резултатите се застрашувачки:

  • 50% избрале отстранувач на дамки наместо кукла
  • 64% избрале боја наместо кадифена играчка
  • 82% избрале избелувач наместо коцки.

Сè на се, 51% избрале некаква хемикалија наместо играчка.

Не им давајте избор на децата.