Социјални медиуми користат 27% од турските компании

24

social-media-channels

Вкупно 27,7% од турските компании со 10 или повеќе вработени ги користат социјалните медиуми, објави Турскиот институт за статистика, пренесува Заман.

Бројката е малку повисока во споредба од минатата година, кога корисници на социјалните медиуми беа 26,7% од претпријатијата.

Компаниите ги користат социјалните медиуми во секојдневната работа (89,9%), додека 8,6% ги користат за онлајн продажба.