Софтвер ќе го олесни доставувањето и обработка на извештаите

32

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на 80-тата седница, го донесе Предлог Правилникот за задолжителна содржина, форма и рокови за доставување на извештаите за работењето на овластените учесници, берзи и депозитари, по што истиот ќе го стави на јавна расправа на веб страната на КХВ со што во наредните 30 дена се очекува засегнатите страни да ги дадат своите забелешки и мислења.

Со овој Правилник се пропишува нов унифициран формат на кој ќе се доставуваат финансиските и нефинансиските извештаи, како и другите акти на брокерските куќи, банки, берзата и депозитарот и тоа преку софтверска апликација, потпишани со електронски потпис.

Со новиот софтверски систем кој треба да стартува на први јануари, 2021 година ќе се олесни доставувањето и обработката на извештаите, а ќе се придонесе и за поголема ефикасност и за подобри стандарди за известување. Инаку, ваков модел на доставување, Комисијата воведе за Друштвата за управување со инвестициски фондови уште од почетокот на 2015 година и истиот успешно функционира.

На седницата што се одржа денеска на 17 септември, 2020 година, Комисијата обнови и две дозволи за работење на брокер.

Фото: Pixabay