Научници од Универзитетот Bradford во Велика Британија развија софтвер што може да детектира лажни насмевки.
Софтверот ја “учеше“ техниката со помош на две постоечки бази на податоци, едната од видеа на коишто се прикажуваа спонтани насмевки, а другата се состоеше од луѓе кои лажно се смеат, пишува New Atlas.
За да се мапираат лицата на индивидуалците во видеата се користеа алгоритми базирани на вештачка интелигенција. Се следи начинот на којшто се движи устата, образите и очите додека се смеат.
Најмногу разлики биле забележани кај очите. Оние луѓе кои вистински се смееле имале промени кај мускулите околу очите, додека кај “лажливците“ не било забележано движење на овие мускули.
Научниците се надеваат дека оваа технологија ќе може да се искористи во апликации коишто служат за подобрување на биометриски безбедносни системи, разни психолошки студии и слично.
Фото: Pixabay