Софтвер препознава кога возачот не внимава на патот

22

driving-844132_960_720

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот Ватерло Канада, создадоа компјутерски алгоритми што можат да детектираат кога возачите пишуваат СМС порака и останати активности што им го одвлекуваат вниманието, стои во официјалното соопштение.

Системот користи камера и вештачка интелигенција со цел да детектира движења на рацете што не се вообичаени за време на возење и ги оценува односно класифицира според тоа колку се опасни. Фахри Карај, професор на универзитет Ватерло вели дека ваквите информации можат да се искористат за подобрување на безбедноста во сообраќајот, така што возачот ќе биде предупреден кога не внимава на патот.

Технологијата може да детектира пишување на СМС пораки, зборување на мобилен телефон, посегнување кон задното седиште за да се дофати нешто и слично. Сериозноста на овие активности се проценува според нивното времетраење и други фактори. Според Карај, возачите чиешто внимание е одвлечено од вакви причини се виновни за 75% од сообраќајките на глобално ниво.