Софтверот Дактилограф го претвара говорот во пишан текст

473
Фото: Pixabay
Неодамна во Белград  беше претставен софтверот Дактилограф којшто во реално време автоматски го претвора говорот на јужнословенските јазици во текст, пренесува SeeBiz.
Оваа програма на истоимениот старт – ап Дактилограф сè уште е во фаза на функционален прототип, но на демонстрацијата успешно ги транскриптирал српскиот, хрватскиот, босанскиот и црногорскиот јазик.

Главната предност на овој софтвер е што не се потпира на системот речник, односно на ограничен број на зборови, туку зборовите ги набљудува како звучни сигнали, ги разделува и претвора во пишан текст. На овој начин, долготрајното и здодевно чукање по тастатурата, кое многупати и ја убива креативноста, значително ќе ја подобри работата на новинарите кои отсега ќе можат од терен, во реално време да испратат говорно транскрипти, објаснуваат креаторите.

Овој софтвер е наменет, пред сè за медиумите, меѓутоа ќе најде своја примена и во судовите, општините и другите јавни органи, како и во институции и компании кои имаат секојдневна потреба за пишување текстови.

Софтверот ќе се најде на пазарот до крајот на годината, и според најавите ќе биде збогатен со неколку апликации.

Засега Дактилограф веќе има потпишано и преддоговор за користење на работната верзија на софтверот со подгорички Вести и црногорскиот центар за стручно образование.