Најголемата софтверска компанија во Македонија, Seavus, продолжува со својата експанзија во земјата. Водени од желбата за поголем развој на IT индустријата во државата, оваа компанија ќе отвори можност за околу 400 нови вработувања.
Како следен чекор, Seavus таргетираше уште осум градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на IT кадри. Станува збор за следниве градови: Гостивар, Тетово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Радовиш, Делчево и Пробиштип.
Со ова, Seavus се вбројува во една од ретките компании во државата кои придонесуваат кон развојот на помалите градови, инвестирајќи во развојот на домашните IT специјалисти низ целата земја.
На почетокот од годинава, Seavus отвори канцеларија во Охрид, а веќе три години успешно функционира и канцеларијата во Битола. Оваа иницијатива е дел од стратегијата за експанзија на компанијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа во кој веќе функционираат канцелариите во Белград, Ниш и Крагуевац.
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата има вработено преку 500 IT експерти ширум светот и нуди широк спектар од софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.
Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded решенија, ALM, Embedded програмирање, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на Seavus се вбројуваат и повеќе од 3.500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.