Солана Тузла ќе гради нова фабрика

180

tuzla

Фабриката за сол Солана Тузла започна нов инвестициски циклус, со обновување на трафостаница, изградба на магацин и подготовки за изградба на современо депо, што на крај ќе резултира со нова фабрика на сол, јавува Радио-телевизијата на Тузланскиот кантон, пренесува Хабер.

Соланата Тузла годишно произведува околу 135.000 тони сол, од кои 85% оди за извоз.

Првото полугодие од 2014 година, соланата го заврши со загуба од 756.600 евра. Во 2013 година соланата оствари нето добивка од 925.000 евра.