Фото: MIT
Научниците од Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) и Универзитетот во Калифорнија создадоа уред што ја собира водената пареа од атмосферата и ја кондензира во чиста вода за пиење користејќи го сонцето. Овој уред, којшто е прототип, ја користи дневната светлина и може да обезбеди 2,8 литри вода од воздухот за 12 часа и во пустински услови како што е пустината Мохаве каде максималната влажност изнесува 20%, пишува Telegraph.
Научниците велат дека ова би можело да обезбеди “персонализирана вода“, земена директно од пареата во локалната средина.
Уредот се напојува со соларна енергија, а за да работи користи посебна комбинација на органски и метален материјал (MOF). Хемичарот Омар Јагхи пред 20 години го разви концептот MOF, користење метали како алуминиум и магнезиум, со органски молекули да се создаде цврста, порозна структура идеална за складирање на течности и гасови. Тој вели дека голем предизвик е да се добие вода од воздухот во услови на ниска влажност.
“Визијата е во иднина домаќинствата да не бидат приклучени на водоводна мрежа, туку да постои уред што создава вода со помош на соларна енергија. Тоа ќе биде возможно поради овој експеримент што го нарекуваме ‘персонализирна вода’“, вели Јагхи.