Solarinator – уред што ги насочува соларните панели кон најдобриот извор на светлина

50

solarinator

Седумнаесетгодишниот Матко Павичиќ од хрватскиот град Пожега создаде иновативен уред што соларните панели ги насочува кон најдобриот извор на светлина, пишува 24 сата.

Тој скоро цела година работел на неговата иновација што го носи името Solarinator. Уредот може да се пренесува, а искористеноста на дневната светлина е и до 40% поголема во однос на останатите соларни предмети.

“Со соларните панели ќе собереме повеќе енергија, којашто е сосема доволна за работа на десетина помали уреди во просторијата. Најдобро е да се користи во викенд куќичките, каде гледам широка примена за уреди од овој вид. Има релеј којшто се движи секои две минути кон Сонцето во потрага по најдобриот извор на светлина, а сензорот е составен од три фотоотпорници што детектираат сенка“, вели Матко, кој е ученик во техничко училиште во градот Пожега.

Solarinator работи со помош на сензори за детекција на сенка и се состои од три соларни плочи, со моќност од по 20 вати.