Соларни панели погрешно поставени на над 500.000 згради во Велика Британија?

5

Government to cut solar subsidies

Соларните панели на над половина милион градби во Велика Британија можеби се поставени на погрешен начин, сметаат експерите. Истражувањата покажуваат дека панелите се поефикасни доколку се позиционираат од исток кон запад, додека поголемиот дел од соларните панели во Велика Британија се поставени кон југ.

Водечките експерти за соларна енергија во Велика Британија сметаат дека панелите инсталирани кон јужната страна се максимално изложени на сонце и на тој начин се поефикасни. Но, сепак професорот Ралф Готшалг од универзитетот Лонгбороу тврди дека илјадници корисници не заштедиле колку што е потребно, користејќи ги соларните панели, бидејќи панелите што ги користат се поставени на погрешна страна.

Во Германија, за разлика од Обединетото Кралство, сега се инсталираат панелите од исток кон запад со цел да се елиминира непотребното трошење во текот на денот бидејќи нудат најголема моќност кога побарувачката го достигнува својот врв.

Во Велика Британија има повеќе од 500.000 соларни единици инсталирани на повеќе објекти во земјата, а се очекува до 2020 година да достигне бројка од 10 милиони.