
Берзанските индекси на Волстрит ја завршија минатата недела со раст. Според аналитичарите, инвеститорите биле охрабрени од знаците дека американскиот претседател Доналд Трамп малку ја ублажува својата царинска политика.
Нивното добро расположение беше поттикнато и од добрите деловни резултати на компаниите, како и од добрите економски извештаи на владата за вработеноста и инфлацијата.
„Стандард и Пурс 500“ порасна за 161,46 поени, или 2,9 проценти, на 5.686,67 поени во споредба со петокот минатата недела, индустрискиот просек „Дау Џонс“ порасна за 1.203,93 поени, или 3,0 проценти, на 41.317,43 поени, а технолошкиот индекс „Насдак композит“ порасна за 594,79 поени, или 3,4 проценти, на 17.977,73 поени.











