SolidLight: Создаден “вистински“ холограм, прв од ваков вид

119

Тим инженери од стартап компанијата Light Field Lab претставија холографски дисплеј со висока резолуција наречен SolidLight. Компанијата тврди дека тоа е „платформа за холографски приказ со највисока резолуција што некогаш била создадена“. Компанијата ги покани членови на медиуми лично да ја видат новата платформа.

Долги години, истражувачите ширум светот работат на изградба на вистински холографски дисплеј – оној што пренесува слики што изгледаат сосема реално, забележува TechXplore. Со воведувањето на SolidLight, оваа цел изгледа многу блиску до постигнување. Колегите новинари кои ја виделе лично ја опишуваат иновацијата како „вистински холограм“ или „прв од ваков вид“.

Холографскиот приказ се формира со поставување серија на подмодули – секој со 16x10k пиксели – заедно. Поголемиот дисплеј што е создаден на тој начин може да генерира холограми изработени од 2,5 милијарди пиксели со густина од 10 милијарди пиксели на метар.

Холограмите се формираат со емитување светлина во просторот пред екранот под милиони агли, што им овозможува на гледачите да гледаат предмети во сите димензии – а тоа ги прави холограмите тридимензионални за човечкиот мозок.

На својата веб -страница, Light Field Lab објаснува дека технологијата не вклучува следење на главата и нема одложување и нема несакани ефекти како што се вртоглавица и главоболки, како кај некои други технологии за 3D визуелизација.

Креаторите на системот, исто така, забележуваат дека во моментов прифаќаат нарачки за нивната нова платформа и дека клиентите се слободни да ја користат на кој било начин. Се претпоставува дека првичните корисници ќе ја користат платформата за да создадат холографски видео sидови во „природна големина“.