
На Волстрит, берзанските индекси пораснаа во вторник, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на голем број компании.
Dow Jones зајакна 0,62 отсто, на 33.141 поени, додека S&P 500 порасна за 0,73 отсто, на 4.247 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,93 отсто, на 13.139 поени.
Растот на индексот најмногу се должи на подобрите од очекуваните деловни резултати. Од 118 компании од индексот S&P 500, кои досега ги објавија своите резултати, 81 отсто од нив оствариле поголем профит отколку што очекуваа аналитичарите.
„Сезоната на објавување резултати зема замав, оваа недела третина од компаниите од S&P ќе ги објават своите извештаи. До неодамна извештаите беа малку разочарувачки, но во последните денови резултатите беа подобри“, вели Томас Мартин, портфолио менаџер во Глобалт.











