Sonata и Avante се враќаат дома: Hyundai префрла дел од своето производство од САД

44

Јужнокорејската компанија Hyundai одлучи да повлече дел од своето производство од САД и да го врати во земјата, со цел да ја задржи работната сила во своите матични погони.

Во согласност со договорот меѓу Дирекцијата за производство на автомобили на Јужна Кореја и синдикатот на работниците, производството на околу 70.000 модели на автомобили Sonata и Avante за првпат ќе се премести од Алабама, во САД, во јужнокотрејскиот град Улсан, каде е седиштето на компанијата.

Фото: Pixabay