Сончево и топло, вечер дожд и ветер

17

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретка појава на грмежи, особено во северните и западните делови од земјата. Во вечерните часови на места ќе има пообилен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер. Подоцна во ноќните часови ќе настапи позначителна промена на времето проследена со северен ветер, локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Максималните дневни температури ќе се движат од 21 до 29 степени.
Во вторник во текот на денот ќе има значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови сѐ уште ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.