Сончогледот и тутунот ги „спасуваат“ бројките во македонското земјоделство

Производството на сончоглед во 2025 година е зголемено за 5.8 % во однос на 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во 2025 година се регистрирани 504 478 хектари обработлива површина.

Кај обработливата површина, намалување е забележано кај лозјата за 1.9 %, а зголемување кај овоштарниците за 1.5 %.

Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај сончогледот за  5.8 %, оризот за 2.9 %, тутунот за 3.5 %, компирот за 2.3 %. Кај останатите култури намалување е забележано кај доматите за 2.6 %, пиперките за 1.4 % и крмната пченка за 33.5 %.

Производството на цреши преполовено во 2025 година

Во 2025 година, во однос на 2024 година, е забележано значително намалување на производството кај сите овошја, и тоа од 31.6 % кај праските до 54.1 % кај црешите.

Во 2025 година во однос на 2024 година:

  • Намалени се површините на лозјата за 1.9 %
  • Зголемено е производството на сончоглед за 5.8 % и на тутунот за 3.5 %
  • Намалено е производството кај сите овошја, а најмногу кај црешите за 54.1 %