Фото: Facebook
Sonic Soak е иновативен уред што овозможува чистење на облека, овошје, зеленчук и различни други предмети со помош на ултра звук.
Уредот, што е дело на истоимениот американски старт – ап, користи ултразвучна технологија што резултира со длабинско чистење. Во исто време, се заштедува време, вода и енергија, што е во рамки на глобалните напори за зачувување на ресурсите. Ултразвучните бранови на Sonic Soar, со помош на сад со вода, ја разградуваат нечистотијата на микроскопско ниво.
Sonic Soak го претстави својот производ на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo. Оттаму побара поддршка од 10.000 долари, а на околу еден месец пред крај на кампањата, тој износ е надминат за над 1.000%.