Сонуваме.Менуваме – општествено одговорен проект на Стопанска банка

38

sonuvame_menuvame_-stopanska-banka

Стопанска банка го претставува општествено одговорниот проект Сонуваме.Менуваме, којшто ќе се реализира на четврти декември (недела) во Македонската опера и балет со почеток од 11 часот, стои во соопштението.

Настанот е посветен на децата од Македонија со разновидни пречки во развојот (аутизам, down синдром, глувило, слепило, церебрална парализа, физички деформитети) и ќе помогне во одбележувањето на Светскиот ден за лица со посебни потреби.

“На настанот, деца од различни возрасти, од повеќе градови од земја и со различни попречености, заедно со свои врсници и заедно со Калиопи и 5+ бендот ќе ни се претстават на сцената на МОБ и ќе не воодушеват во своите способности, потенцијал и креативна моќ. Веруваме дека на тој начин ќе ни помогнат да изградиме општество кое ги сплотува различностите и се надградува благодарение на нив“, стои подолу во соопштението на банката.

Стопанска банка во соработка со здруженијата на деца со пречки во развојот, преку посебно формирана комисија, ќе донира во реализација на проекти кои на децата ќе им овозможат подобри услови за учење и надградба. Дополнително, банката со децата изработи едукативни видео пораки кои ќе бидат споделени со училиштата ширум земјата и ќе имаат за цел да ги поттикнат децата да развиваат емпатија и да им подадат рака на своите врсници.

Пријатели на настанот се: Британска амбасада, ОхО, Публицис, Нуродиверзитет и МОБ.