Sony неодамна најави дека е во потрага по партнер за развој на електрични автомобили, а се чини дека истиот го пронајде во Honda
Honda потпиша меморандум за разбирање со Sony, при што двете компании се согласни да започнат заеднички потафат со цел за развој, производство и продажба на електрични автомобили, заедно со нудење на услуги за мобилност. „Новата компанија“ како што ја нарекуваат двата бренда, ќе биде основана во текот на 2022, а првите електрични возила се очекуваат да пристигнат на пазарот во 2025 година.
Според најавата, алијансата ќе ги користи способностите на Honda за развој на мобилноста, технологијата за производство на каросерии и искуството за пост-продажен сервисен менаџмент. Со други зборови, Honda не само што ќе ги произведува возилата во своите фабрики, туку исто така ќе има и клучна улога во дизајнот и развојот на продукциските модели. Кога станува збор за Sony, технолошкиот гигант ќе даде придонес со својата експертиза во развојот и апликацијата на отсликувањето, телекомуникаците, мрежата и инфозабавните технологии, што ја прави оваа компанија задолжена за новата платформа за услуги за мобилност.
Vision-S концептите можат да служат како основа за новите модели
Sony го претстави Vision-S 01 седанот на CES 2020 и Vision-S 2 SUV моделот на CES 2022. Двата концепти беа направени од Magna Steyr, со развојни партнери, вклучувајќи ги Bosch, Valeo и Almotive. Иако во моментов не може да се каже со сигурност дека продукциските модели ќе бидат базирани на овие концептни автомобили, нивниот развоен програм делува повеќе од две години, што ги прави добри кандидати за продукциска верзија.
Со оглед на ова, заедничкото соопштение на Sony и Honda вели дека „Новата компанија“ се очекува да ги планира, дизајнира, развива и продава електричните автомобили, што пак најавуваат нов проект, со оглед на тоа дека заедничкиот потфат ќе има доволно време за да се достигне планираното лансирање на пазарот во 2025 година.
Sony го најави основањето на Sony Mobility Inc оваа пролет со цел за истражување на можностите за влез на ЕВ пазарот и откри дека е во потрага по партнери. Се чини дека плановите одлично функционираат за Sony со оглед на тоа дека Honda делува како одличен избор за заеднички потфат. Формирањето на новата компанија е во исчекување на дефинитивните и финални договори и релевантни регулаторни дозволи, но Sony и Honda се оптимисти дека ќе успеат да го финализираат сето ова уште оваа година.
Преземено од Avtoplus.mk