Сообраќајни знаци ќе следат дали возачите користат мобилен телефон

171

soobrakaen znak

Статистиките постојано сведочат дека честа причина за сообраќајните несреќи е користење на мобилниот телефон при возење автомобил.

Во британскиот град Норвич започна тестирање на специјални знаци – сензори кои детектираат дали возачот на автомобилот го користи својот мобилен телефон, пишува Itv.news.

Производителот на сообраќајни знаци – Westcotec, смета дека овој систем наскоро би можел да ја унапреди својата технологија за да може да детектира и употреба на hands free уреди, кои во Велика Британија се исто така забранети за возачите.

“Мислам дека ќе бидат потребни пет до десет години, бидејќи технологијата напредува мошне брзо во овој момент. Ние продолжуваме да работиме на развој на оваа технологија и се надевам дека имаме долгорочно решение“, вели Оли Самвејс, инженер за индустриски дизајн во Westcotec.