Сообраќајот во големите европски метрополи како пред пандемијата

8

Патниот сообраќај во 15 европски главни градови на почетокот на јуни го достигна нивото регистрирано во 2019 година, покажуваат официјалните податоци. Првпат од почетокот на пандемијата, сообраќајот се враќа на ниво како пред да почне глобалното ширење на заразата, пренесува Bloomberg.

Како што забрзува вакцинирањето, а економиите почнуваат да се отвораат, возачите сè повеќе се насочуваат кон автомобилите. Во западна Европа расте побарувачката за нафта, а пораст има и во Велика Британија и други делови од континентот каде што се намалени рестриктивните мерки и ограничувања на движењето.

Продажбата на горива во Велика Британија се зголеми во мај највисоко ниво откако во март минатата година беше воведен првиот национален карантин.

Со ублажување на ограничувањата, многу европски земји повторно се обидуваат да привлечат туристи во летната сезона.

Фото: Freepik