Сопругата на Безос по разводот ќе биде трета најбогата жена со богатство од околу 35 милијарди долари

53

Фото: Twitter

Основачот на Amazon, Џеф Безос, најави дека ќе префрли 4% од акциите на неговата сопруга Мекензи Безос, пишува Forbes.

Инаку, двојката му стави крај на 25-годишниот брак, а сега е во фаза на финализирање на разводот.

Штом писателката Мекензи стане сопственик на 4% удел во Amazon, таа ќе биде третата најбогата жена во светот. Проценетата вредност на уделот е околу 35 милијарди долари, со што Мекензи ќе биде во друштво на директорките на козметичката куќа L’Oreal и на Walmart.

И покрај оваа трансакција, Џеф Безос останува најбогат човек на светот со нето богатство од 110 милијарди долари. Зад него е Бил Гејтс со 99,5 милијарди долари на своја сметка.

Разводот на Џеф и Мекензи ќе биде еден од најголемите во светската историја. Меѓу најскапите разводи што ги памети светот е оној меѓу милијардерот Бил и неговата Сузан Грос, која доби 1,3 милијарди долари по разводот.