Сопругата на претседателот со порака до жртвите на семејно и родово насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата

149

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, како дел од активностите за подигнување на јавната свест за прашањата кои ги погодуваат ранливите групи во време на кризата предизвикана од коронавирусот, сними видео порака со сопругата на претседателот на Елизабета Ѓоргиевска, на тема семејно и родово базирано насилство. Целта е да се упати апел за солидарност и поддршка на сите за кои домот во овие моменти не е најбезбедното место, и да се охрабрат жртвите да го пријавуваат насилството.

Видео пораката е во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија.