Сопственичка на лабораторија за тестови за Ковид-19, стана милијардерка на 93 години

221

Магазинот Forbes додаде 18 нови милијардери на списокот на 400 најбогати Американци, а меѓу нив е и Алис Шварц (93), една од основачите на лабораторијата Bio- Rad, којашто произведува тестови за Ковид-19.

Со заштеда од 720 долари, Алис Шварц и нејзиниот сопруг Дејвид ги основаа лабораториите Bio – Rad во колиба во 1952 година. Раните производи вклучуваат јонски разменувачки смоли, кои се супстанции што се користат за олеснување на фармацевтското производство и лабораториско истражување. Bio – Rad сега продава 10.000 производи за истражување и производи за клиничка дијагностика.

Приходите од 2018 година се вкупно 2,3 милијарди долари. Компанијата котира на Американската берза во 1980 година, потоа на Њујоршката берза во 2008 година. Шварц, е вдовица од 2012 година, останува во бордот на Bio – Rad со 11%, a нејзиниот син Норман е претседател и извршен директор.

Во извештајот се наведува дека пандемијата на Ковид-19 им помогнала на некои милијардери да го заземат своето место на листата, а сите новодојденци имаат богатство од најмалку 2,1 милијарди долари, што е услов за нивно вклучување.

Фото: Freepik