Основачот на Амазон, Џеф Безос го купува американскиот весник Вашингтон Пост за 250 милиони долари.
Како што пишува весникот, Безос купувањето ќе го изврши од лични средства и Амазон нема да биде вклучен во тоа.
Овој договор со Безос доаѓа откако Њујорк Тајмс го продаде Бостон Глоуб за 70 милиони долари, што само говори за тешката ситуација во која се наоѓаат пишаните медиуми.
Претседателот и извршен директор на на Вашингтон Пост Доналд E. Греам, изјави дека на весникот ќе му биде подобро со новиот сопственик.
“Проверената генијалност и пристојност во работењето на Безос се показател дека тој ќе биде одличен сопственик на Пост”,изјави Греам.
Инаку ова не е прв пат Џеф Безос да вложи во медиуми. Тој на почетокот на годината дел од своите средства ги вложи во Бизнис Инсајдер.
Во писмото обајвено на интернет страницата на Вашингтон Пост, милијардерот изјави дека нема да има радикални промени.
“Вредноста на Пост не треба да се менува. Должноста на медиумот е спрема читателите, а не спрема приватниот интерес на сопствениците”, рече Безос.