Сопственикот на Daily Mail го тужи Google

23

Сопственикот на весникот Daily Mail и неговите онлајн изданија го тужи Google поради наводна манипулација со резултатите од пребарувањата, пренесува ВВС.

Британскиот весник го обвинува Google дека има преголема контрола над онлајн огласувањето, како и тоа дека го намалува рејтингот на линковите со нивните статии, а фаворизира други извори.

Наводно Google ги “казнува“ издавачите доколку не продадат доволно простор за огласување на нивниот пазар.

Од Google ги отфрлаат ваквите тврдења.

Уредникот на Daily Mail, Питер Рајт за ВВС рекол дека резултатите од работата на пребарувачот биле “антиконкурентни“.

Фото: Pexels