Сопственикот на Forbes вложи милион евра во Римац Aвтомобили

71

rimac avtomobili

Новиот мнозински сопственик на Forbes вложи милион евра во Римац Автомобили. Милионерот Так Чунг Јам од Хонг Конг во производството на најбрзиот електричен автомобил на светот влегол преку групацијата Integrated Asset management Asia Limited и се впиша како член на Надзорниот одбор на компанијата Римац Автомобили, јавува Пословни дневник.

Так Чунг Јам пред десетина дена за 475 милиони го презеде мнозинскиот дел во магазинот Forbes. Тој ја водел оваа работа преку компанијата Integrated Asset management Asia Limited, која е носител на конзорциумот Integrated whale media investment која послужи како платформа за купување на угледниот американски магазин.

Мате Римац, основач и директор на Римац Автомобили, вели дека е многу задоволен што добил и трет партнер, посебно што е угледен бизнисмен на Далечниот исток. Оваа пролет во неговата компанија инвестирал и колумбискиот богаташ Франк Канајет Јепес.

Според информациите на Пословни дневник, партнерите на Мате Римац поседуваат 18% удел во неговата компанија. Косопственикт на Forbes наводно за инвестираните пари добил 2% удел во Римац Автомобили. Еден од најбогатите Колумбијци, поранешен нафтен магнат и голем вљубеник во брзите автомобили, Франк Канајет Јепес, од оваа пролет досега двојно го зголеми уделот на 6%, додека најголем поединечен косопственик со 10% удел во Римац автомобили е кинескиот холдинг Sinocop Resources.